Достапни линкови

Вељаноски - утре ке распишам претседателски избори


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во интервју за МИА соопшти дека утре ќе ги распише претседателските избори и ќе го соопшти датумот на нивното одржување.

„Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај и јас утре, во сабота на 1 февруари ќе ги распишам и ќе го одредам датумот на одржувањето на претседателските избори. Во однос на прашањето дали ќе има или ќе нема предвремени парламентарни избори, тоа не е во моја надлежност како претседател на Собранието. Тоа е надлежност на Собранието, кое треба прво да се самораспушти за потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. Во овој момент можам да кажам дека утре ќе бидат распишани претседателските избори“,

рече Вељаноски. Доколку има само претседателски избори, Собранието нема да одржува седници нешто повеќе од еден месец пред првиот круг.
XS
SM
MD
LG