Достапни линкови

Амано - време е за потешки прашања со Иран


Шефот на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија Јукија Амано во интервју за АФП изјави дека, по постигнатиот напредок, е време со Иран, да се допрат потешките нуклеарни прашања, како што се наводите за досегашната работа на оружје.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија изјави дека се надева оти ќе бидат вклучени и прашањата во врсла со "евентуалната воена димензија" кои се споменуваа пред 2003 а и потоа во врска со нуклеарните амбиции на Иран.
Договорот постигнат во ноември за надзорот врз нуклеарната програма на Техеран вклучува шест чекори, како што се посетите на инспекторите на МААЕ на некои капацитети во Иран, но во него не се споменуваат наводите за евентуалната воена димензија" кои според Иран, се базираат на погрешни разузнавачки податоци.
XS
SM
MD
LG