Достапни линкови

Конференцијата во Минхен и безбедноста во светот


Минхенска безбедносна конференција, 2013.

Минхенска безбедносна конференција, 2013.

Годинава Минхенската безбедносна конференција полни 50 години. Со децении овој собир е еден од најважните во трансатлантската размена на мислења и идеи. Но, според аналитичарите, овој пат политичките, воените и бизнис лидери, како и активистите, нема да бидат многу расположени за прослава на јубилејот.

Минхен во почетокот на секоја од изминативе 50 години е место каде што светските лидери се обидуваат да најдат заедничка основа и да ја испланираат надворешната и безбедносна политика. Годинава, ќе им требаат повеќе труд за тоа.

Имено, само во текот на минатата година западната безбедносна заедница доживеа серија неуспеси и уназадувања, што е без преседан од крајот на Студената војна.
потпретседателот на САД Џо Бајден, Минхен 2013.

потпретседателот на САД Џо Бајден, Минхен 2013.


Се најде себе си во период на стратегиско свртување, со изолационистичка супер сила која го загуби духот да раководи и со себична Европа, неподготвена да истрча на сцената.

Ѕверските убиства во Сирија се доказ дека нема такво нешто како „меѓународна заедница“ која ќе може да интервенира кога работите ќе тргнат многу лошо.
Иако, како што пишува „Њујорк тајмс“, работите во Минхен секогаш се розеви, сега постои класичен случај на она „внимавај што ќе посакаш“.

По глобалната финансиска криза, Сирија е добар пример како светот би личел со непријателски држави и регионални фактори кои го полнат вакуумот што го создаде американското отсуство.

Соединетите Држави остануваат незаменлива сила, со воени ресурси и економска моќ што другите земји можат само да ги замислат.

Но, ризикот не е во тоа што некоја земја би можело да им го земе местото на Соединетите држави, туку во тоа што никоја друга тоа не го ни сака. Европа, практично постојано го губи капацитетот да проектира соодветни безбедносни сили.

Од друга страна, секоја година генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен бара од членките на Европската унија да не ги кратат нивните буџети за одбрана, но безупсешно.

Меѓутоа, последните руски напори да ги натера Украина и Ерменија да се откажат од Европа би требало да биде потсетник дека не се живее во свет во кој владеат меѓународните норми, како што веруваат повеќето Европјани.
генералниот секретар на НАТО Расмусен и шефот на руската дипломатија Лавров

генералниот секретар на НАТО Расмусен и шефот на руската дипломатија Лавров


Ѕверските убиства во Сирија се доказ дека нема такво нешто како „меѓународна заедница“ која ќе може да интервенира кога работите ќе тргнат многу лошо.

Во изминативе години администрацијата на претседателот Барак Обама ја користеше Минхенската конференција за да ги увери Европјаните дека американското свртување кон Азија не значи и откажување на Соединетите Држави од Европа и од Блискиот Исток.

Со време, Европа избра да верува во тоа. Годинава во Минхен, според аналитичарите, е неопходен поискрен разговор меѓу трансатлантските сојузници за она што Европа може и треба да направи за да помогне во стопирањето на сегашната траекторија на падот на Западот и да го поткрепи либералниот светски поредок што ќе биде од полза за сите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG