Достапни линкови

Украина - киднапери мачеле опозициски активист


Украински антивладин активист кој беше исчезнат од пред една недела се појави во село близу Киев изјавувајќи дека бил киднапиран и мачен од непознат маж кој зборувал со руски акцент. Дмитро Булатов портпаролот на една од украинските опозициски групи се водеше како исчезнат од 23 јануари. Булатов бил однесен во болница во Киев синоќа поради посекотини на ушите и прободи во рацете. Неговите киднапери по мачењето го ставиле во кола и го однеле во околината на Киев. Булатов од селото им се јавил на пријателите кои го однеле во Киев.
XS
SM
MD
LG