Достапни линкови

logo-print

Обвинителството на САД бара смртна казна за Царнаев


Американското јавно обвинителство соопшти дека ќе бара смртна казна за Џохар Царнаев кој е обвинет за бомбашкиот напад за време на маратонот во Бостон. Американскиот Главен обвинител Ерик Холдер изјави дека го овластил Обвинителството да побара смрттна казна за Царнаев поради неговата вмешаност во бомбашкиот напад во април минатата година, кога загинаа три лица а 264 беа повредени.
Тоа беше еден од најголемите терористички напади во САД, по нападот на 11 септември кога загинаа три илјади лица.
Обвинителството тврди дека Џохар Царнаев и неговиот брат,Тамерлан, двајцата етнички Чеченци од Русија, ги планирале бомбашките напади за време на Бостонскиот Маратон. Тамерлан беше убиен неколку дена подоцна во престрелка со полицијата. Џохар Царнаев не го призна обвинението.
XS
SM
MD
LG