Достапни линкови

САД загрижени од доцнењето во уништувањето на сириското оружје


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека САД се загрижени оти владата на Сирија доцни со уништувањето на хемиското оружје. Досега само 5 отсто од арсеналот е доставен за уништување. Во својот говор за време на посетата на Полска, Хејгел изјави дека е нејасно дали доцнењето е поради некомпетентност или од други причини. Тој кажа дека на оваа тема разговарале со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Сириската влада го пропушти 31 декември како краен рок за транспортот на хемиското оружје и негово уништување.
XS
SM
MD
LG