Достапни линкови

Дипломатите апелираат да се најде решение за името


Сите странски дипломати во Скопје внимателно ги следиме преговорите, но за жал нема некој забележителен напредок, вели словенечкиот амбасадор Бранко Раковец.

Дипломатите не гледаат забележителен напредок во преговорите за решавање на спорот со името со соседна Грција. Не може наскоро да се очекува поместување, коментираат упатените.
Ние сите странски дипломати во Скопје внимателно ги следиме преговорите, но за жал тука можеме да констатираме дека нема некој забележителен напредок.

Амбасадорот на Rепублика Словенија во Македонија, Бранко Раковец, вели дека дипломатите во Скопје внимателно ги следат преговорите.

„Ние сите странски дипломати во Скопје внимателно ги следиме преговорите, но за жал тука можеме да констатираме дека нема некој забележителен напредок.

Амбасадорот го повторува апелот кој во последно време го Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран Јолевски.

Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран Јолевски.

испратија повеќемина претставници на меѓународната заедница:

„Уште еднаш сакам да истакнам дека ги охрабруваме нашите македонски
Причината е многу едноставна, имено нашата политика од стана на нашите несудени западни сојузници е оцената со еден прилично зачудувачки термин –ултранационализам.
пријатели да направат чекор во правец со јужниот сосед да се најде едно решение кое ќе биде добро и за Грција и за Македонија. “

Нема да има поместување во преговорите во блиска иднина, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

„Причината е многу едноставна, имено нашата политика од стана на нашите несудени западни сојузници е оцената со еден прилично зачудувачки термин –ултранационализам.“

Се обидуваме лесно да поминеме преку ваквата квалификација, но никој не се обидува да отвори речник и да ја провери дефиницијата за ултранационализмот, кој во политичката терминологија се сфаќа како екстремен национализам вели професор Малески.

„Заглавени во оваа наша интерпретација на политиката, политичката гарнитура доколку не направи некаква ревизија, нема да може да ја изведе земјата во евроатланските интеграции, бидејќи таа сега доаѓа во судир со соседите и со меѓународното гледање на нашата позиција.“

Инаку, пораки за придвижување на работите неделава пристигнаа и од Соединетите американски држави, поточно од заменик/помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји. Исто така деновиве, американските разузнавачи посочија дека Македонија е кризна точка на Балканот, и дека одолговлекувањето на членство во ЕУ и НАТО и вртењето кон национализам, изродува кризи.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG