Достапни линкови

logo-print

Сирија доцни со обврските за уништување на хемиското оружје


Белата Куќа соопшти денеска дека Сирија мора да ги интензивира напорите за транспорт на хемиското оружје до пристаништето Латакиа, бидејки досега само 5 отсто од арсеналот е доставен за уништување. Режимот на Асад е одговорен за транспортот на хемиското оружје и очекуваме да си ја исполни обврската, изјави портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни. И американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел, кој е во посета на Полска, изрази загриженост од доцнењето во уништувањето на сиријското хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG