Достапни линкови

logo-print

Анкара: Ал Каеда нема бази во Турција


Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Танџу Билгич демантира дека во Турција има бази на Ал Каеда. Неговата изјава уследи по вчерашното тврдење на началникот на израелското воено разузнавање Авив Кочави дека некои од припадниците на Ал Каеда, кои се борат во Сирија имаат бази во соседна Турција. Тој прецизира дека во Турција имало три бази на Ал Каеда. Билгич наведе дека поради кризата во Сирија некои групи, инспирирани од Ал Каеда го зајакнале присуството во регионот и претставуваат закана за безбедноста на Турција.
XS
SM
MD
LG