Достапни линкови

Напад врз владина зграда во Багдад


Ирачки бунтовници денеска нападнале владина зграда во Багдад. Најмалку шестмина вооружени лица ја презеле контролата во зградата на Министерството за транспорт, но веднаш потоа некои од нив биле убиени. Во истовреме, во друг дел на Багдад експлодирале две бомби при што загинале најмалку шест луѓе. Само во овој месец во слични напади во Ирак биле убиени 900 луѓе. Инаку, во провинцијата Акбар, како што јави Радио Слободен Ирак, денеска дошло до прекин на борбите меѓу милитанти на Ал Каеда и ирачките безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG