Достапни линкови

Венизелос: Грција има умерена позиција во врска со името


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

„Ставот на Грција за прашањето за името не е прифатлив затоа што без сомнение другата страна нема намера искрено учествува во дијалогот, не го почитува меѓународното право и не ја почитува умерената, креативна и одговорна позиција на грчката страна“. Ова, како што јави МИА од Атина, денеска го изјавил грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во одговор на пратеничко прашање на лидерот на Независни Грци Панос Каменос во врска со името на Македонија. Тој повтори дека „почитувајќи ги правилата на меѓународното право, Грција е подготвена да прифати сложено име за секаква употреба со географска одредница пред терминот Македонија“ со што ќе се направи разлика меѓу државата и истоимената грчка област. „Овој став го кажуваме на сите наши средби со генералниот секретар на Обединетите нации, на сите меѓународни форуми, и на нашите средби со специјалниот претставник Метју Нимиц. Овој став им е пренесен и директно на нашите соседи“, изјави Венизелос.
XS
SM
MD
LG