Достапни линкови

logo-print

Грчката влада ја негира можноста од предвремени избори


Андонис Самарас

Андонис Самарас

Портпаролот на грчката влада Симос Кедикоглу денеска негираше дека владата разгледувала распишување предвремени општи избори кои би биле одржани во исто време со локалните и изборите за Европскиот парламент во мај годинава. Конзервативниот премиер Андонис Самарас вети дека оваа година ќе ја извлече земјата од рецесијата која трае веќе шест години, но се соочува со големи критики во врска со неопходните реформи. Шпекулациите за можни предвремени избори се појавија откако ПАСОК, коалициониот партнер на Самарас, забележа пад на рејтингот. Грчката владејачка коалиција е формирана по изборите одржани во 2012 година.
XS
SM
MD
LG