Достапни линкови

Вашингтон со критики против Каиро за Ал Џезира


Џен Псаки

Џен Псаки

Соединетите држави упатија критики до египетската влада за тоа што покренала обвинувања против новинари на телевизијата Ал Џезира. Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека египетското обвинителство дејствувало против основните права и слободи кога обвини 20 новинари за ширење лажни вести, меѓу нив и четврица странски. Осуммина од новинарите биле приведени од египетските власти. Псаки додаде дека ниту еден новинар, без оглед на припадноста, не треба да биде цел на насилство, заплашување или политизирано правно дејство. Обвинувањата се поврзани со јавувањата на Ал Џезира за Муслиманско братство, организација којa египетските власти во минатиот месец ја прогласија за терористичка.
XS
SM
MD
LG