Достапни линкови

Македонија и БиХ, кризни точки на Балканот


Џејмс Клапер, директор на Националното разузнавање на САД

Џејмс Клапер, директор на Националното разузнавање на САД

„Македонската влада продолжува да турка програми наменети за промоција на етнички македонскиот национализам, на сметка на евроатлантската интеграција на земјата. Што подолго се одолголекува со македонското членство во ЕУ и НАТО поради спорот со Грција околу уставното име на земјата и слабите билатерални односи со Бугарија, толку е поголем ризикот дека ќе нарасне етничката напнатост“. Ова се наведува во годишниот извештајот за можните ризици во светот на Директоратот за национално разузнавање на Соединетите држави претставен во ресорниот сенатски комитет. Во делот за Западниот Балкан се наведува дека без оглед на позитивниот развој на настаните во регионот лани, оваа година ќе се карактеризира со длабоки етнички и политички поделби, при што ситуациите во Македонија и во Босна и Херцеговина добија знак на „особено експлозивни“.
XS
SM
MD
LG