Достапни линкови

САД ги поддржуваат разговорите за името под мандатот на ОН


„Мислиме дека не е местото на САД да го разрешат прашањето со името. Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите на Обединетите нации. Нашиот пристап во догледна иднина ќе биде да го поддржуваме пратеникот на ОН, со цел да продолжат евроатланските интеграции“. Ова, меѓу другото, го изјави Бен Роудс, заменик советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама,
кој вчера пред странските дописници во Вашингтон ги претстави надворешно политичките цели на претседателот Обама ден по неговото обраќање до нацијата. Роудс најави дека Обама во идниот месец ќе ја посети Европа, почнувајќи од Брисел, каде што меѓу другото ќе се разговара за модернизирање на НАТО сојузот, во пресрет на самитот во септември во Британија.
XS
SM
MD
LG