Достапни линкови

logo-print

Куркулас - Бараме промена на името, а не на идентитетот


Илустрација.

Илустрација.

Ние го почитуваме идентитетот на земјата, но и тие треба да нè почитуваат нас, изјави грчкиот заменик–министер за надворешни работи Димитрис Куркулас во интервју за француски „Ла Трибун“.

На новинарско прашање дали Грција ќе го искористи претседателството со ЕУ за да ја „деблокира ситуацијата со Македонија и да ја забрза нејзината европска интеграција“, Куркулас рече дека неговата земја дала предлог за сложено име со географска одредница, за да се разликува со истоимениот грчки регион.

Тој вели дека нивниот став е многу флексибилен, но сепак политичките сили во Скопје не ја користат ваквата отвореност.

Куркулас исто така повтори дека Грција „многу позитивно гледа на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан“ и додаде дека токму неговата земја била „пионер на ова движење во 2003 година“.
XS
SM
MD
LG