Достапни линкови

Украинскиот парламент нуди условна амнестија за уапсените демонстранти


Украинскиот парламент понуди амнестија за демонстрантите затворени за време на неодамнешните демонстрации во земјата. Сепак, амнестијата е условена и ќе се примени само доколку демонстрантите ги напуштат сите владини административни згради кои сега се окупирани. Многу опозициски политичари се спротивставија на мерката, за време на дебатата која се водеше синоќа во парламентот, велејќи дека амнестијата треба да биде без услови. Демонстрантите окупираа најмалку три згради во Киев, користејќи ги како преноќишта и оперативни центри. Зградите станаа клучни објекти за поддршка за време на протестите во градот. Понудата за амнестија доаѓа откако пратениците го поништија законот со кој се ограничуваат протестите и откако владата во вторникот си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG