Достапни линкови

Пентагон нуди помош за безбедноста на Олимпијадата во Сочи


Сочи во пресрет на Олимпијадата.

Сочи во пресрет на Олимпијадата.

Пентагон ги обнови своите понуди до Русија да и помогне со безбедноста за време на зимските Олимписки игри во Сочи, но велат дека Москва не укажува дека сака помош. Од Пентагон велат дека американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, во телефонски разговор, се согласиле да формираат воен комуникациски канал во случај да е потребно, откако ќе започне Олимпијадата на 7 февруари. Во меѓувреме, американските разузнавачки официјални лица изјавија дека детектирале зголемување на извештаите за закани по безбедноста во близина на Сочи. Постои значителен потенцијал за терористички напади на Олимписките игри, изјави Метју Олсен, директор на американскиот Националниот центар за антитероризам. Тој, во своето обраќање пред американскиот Сенат, рече дека Русија спроведува големи мерки за безбедност на местото каде треба да се одржат Игрите, но сепак вели тој, постои значителен потенцијал за терористички напад во пошироката околина на Сочи. Исламски екстремисти од Северен Кавказ се заканија со напади за време на Олимпијадата.
XS
SM
MD
LG