Достапни линкови

Мал напредок во мировните разговори за Сирија


Пратеникот на ОН за Сирија, Лахдар Брахими.

Пратеникот на ОН за Сирија, Лахдар Брахими.

Пратеникот на ОН за Сирија, Лахдар Брахими, се враќа на неговата посредничка улога на денешните мировни разговори во Женева. Тој вчера рече дека „мразот полека се крши“, но оти не очекува суштински резултати на последните два дена од разговорите, кои завршуваат в петок. Сириските опозициски и владини претставници вчера рекоа дека се чини оти има мал прогрес во разговорите со посредство на Брахими. Двете страни најавија дека ќе го разгледаат „Коминикето од Женева“ договорено од меѓународните сили во 2012 година. Тој документ разработува чекори за прекин на борбите и формирање преодна влада во Сирија која ќе треба да спроведе избори. Опозицијата инсистира дека претседателот Башар ал-Асад не може да биде дел од преодната администрација, но тој одбива да се повлече.
XS
SM
MD
LG