Достапни линкови

logo-print

Јорданскиот крал Абдула Втори наредниот месец во посета на САД


Американскиот претседател Барак Обама и јорданскиот крал Абдула Втори на разговори во Аман на 22 март 2013 година

Американскиот претседател Барак Обама и јорданскиот крал Абдула Втори на разговори во Аман на 22 март 2013 година

Американскиот претседател Барак Обама следниот месец ќе му биде домаќин на јорданскиот крал Абдула Втори, соопштија од Белата куќа. Предвидено е двајцата државници да се состанат на 14 февруари на имотот „Саниландс“, во близина на Палм Спрингс. Минатата година на истото место Обама му беше домаќин и на кинескиот претседател Кси Џинпинг. Освен средбата со Обама, за време на неговата посета на САД, кралот на Јордан ќе го посети и Вашингтон и ќе разговара со конгресмени и со претставници на религиозни групи, соопштуваат официјални лица од Јордан. Кралот Абдула му беше домаќин на Обама минатата година за време на посетата на американскиот претседател на Блискиот Исток. Тие досега соработувале на неколку регионални прашања, вклучувајќи го и конфликтот во Сирија од кој произлезе бегалската криза во Јордан и во други земји на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG