Достапни линкови

Обвинителството ќе бара смртна казна за бостонскиот бомбаш?


Американскoто Обвинителство до утре треба да одлучи дали ќе побара смртна казна за бомбашот на бостонскиот маратон Џохар Царнаев, изјави американскиот државен обвинител Ерик Холдер. Тој изјави дека својата одлука ќе ја соопшти до петок, рокот утврден со Американскиот окружен судија. Казната ќе се бара под федералниот закон, бидејќи Масачусец ја забрани смртната казна. Дваесетгодишиот Царнаев кој потекнува од Чеченија е обвинет за подметнување две бомби за време на маратонот во Бостон во април минатата година, при што загинаа три лица, а 264 беа повредени. Тој се изјасни дека не е виновен. Постариот брат на Џохар, Тамерлан Царнаев, беше убиен во престрелка со полицијата по бомбашкиот напад.
XS
SM
MD
LG