Достапни линкови

Мадона ќе се запознае со две членки на Пуси Рајот


Архивска фотографија: Мадона на концерт во Санкт Петерсбург.

Архивска фотографија: Мадона на концерт во Санкт Петерсбург.

Мадона ќе се запознае со две од членките на руската панк група Пуси Рајот за време на нивниот престој во Њујорк следниот месец, соопштија од Амнести интернешенел. Надежда Толоконикова и Марија Аљокина треба да учествуваат на едно шоу за потребите на Амнести интернешенел на 5 февруари, како дел од нивната кампања против кршење на човековите права од страна на руските власти. Двете членки на Пуси Рајот минатиот месец беа ослободени од затвор, како дел од програмата за амнестија. Во 2012 година, тие беа осудени на две години затвор за хулиганизам, откако протестираа против Путин во катедрала во Москва. Мадона, која зборуваше за Пуси Рајот за време на нејзиниот концерт во Русија, изјави дека ја поддржува нивната посветеност и жртвата што ја направија во име на слободата на изразување и човековите права.
XS
SM
MD
LG