Достапни линкови

Украдена вредна Страдивариус виолина стара 300 години


Илустрација.

Илустрација.

Украдена е Страдивариус виолина стара 300 години. Разбојници, користејќи пиштол за зашеметување, ја украле виолината од Френк Алмонд пред концертната сала во Милвоки во американската држава Висконсин. Полицијата која го истражува случајот, соопшти дека кутијата во која се наоѓал инструментот содржела ГПС уред, но полицијата ја пронашла празна во близина на местото на грабежот. Анонимен сопственик на виолината го позајмувал инструментот на оркестарот од 2008 година. Ретката „Липински Страдивариус“ виолина се проценува дека вреди милиони долари. Кривичното дело е под истрага од страна на тим на ФБИ и градската полиција во Милвоки.
XS
SM
MD
LG