Достапни линкови

Шеќеринска vs ВМРО ДПМНЕ за кирија за стан


Радмила Шекеринска денеска не даде одговор за тоа кој е станот за кој таа наплаќа месечна кирија од 5317 евра, дали е тоа пазарната цена за изнајмување на станот, колку години досега го издава и колку вкупно приходи остварила по тој основ, наведува ВМРО-ДПНЕ во пишаната реакција на денешната изјава на потпретседателката на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали во овој случај станува збор за сомнителни приходи и бара Шекеринска да го приложи договорот во кој пишува дека некој сам на себе си плаќа кирија од 5317 евра месечно.
Потпретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска претходно изјави дека нема скриен и неоданочен имот кај опозицијата и затоа тие прават случај таму каде што не можат да исконструираат случај.
Таа тврди дека имотот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ го пријавила во Државната комисија за спречување корупцијата и сите други релевантни институции.
Според неа, сите полуги во државата се во рацете на власта и ако имало нешто до сега би била санкционирана.
XS
SM
MD
LG