Достапни линкови

Едвард Сноуден предложен за Нобелова награда за мир


Двајца норвешки пратеници го номинираа поранешниот вработен во американската Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден за Нобеловата награда за мир -2014.

Во образложението, социјалистичките пратеници Баард Вегард Солхејл и Сноре Вален велат дека не мора да го осудат сите откритија на Сноуден, но дека неговото одавање на тајните придонесе за постабилен и помирен свет.

Од друга страна, висок американски разузнавач го повика Сноуден да ги врати тајни документи што ги зел. Директор на Агенцијата Џејмс Клапер на сослушувањето во Сенатот изјави дека Сноуден предизвикал длабока штета со тоа што ги објавил методите за надзор на терористите.

Сноуден, кој има добиено привремен азил во Русија, се соочува со обвиненија за шпионажа и кражба во САД.
XS
SM
MD
LG