Достапни линкови

logo-print

Во Србија предвремени избори на 16-ти март


Српскиот претседател Томислав Николиќ го распушти парламентот и распиша превремени избори. Во изјавата преку државната телевизија, Николиќ соопшти дека изборите треба да се одржат на 16-ти март. Премиерот Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ вчера му предадоа на шефот на државата владин предлог за распуштање на собранието и за распишување вонредни парламентарни избори, со цел, како што се вели, создавање услови за изјаснување на граѓаните за идниот правец на државната политика, за што е потребна широка поддршка на општеството.
XS
SM
MD
LG