Достапни линкови

И вработените се сиромашни, а камоли невработените


Илустрација.

Илустрација.

Две третини од населението во Македонија живее со под два долари дневно, а една третина со помалку од еден долар дневно, според податоците на Светската банка.

Иако синдикатот ја пресметува потрошувачката кошница на над 32 илјади денари, договореното етапно зголемување на минималната плата од 8 на 10 илјади денари во наредните две години, претседателот на ССМ Живко Митревски го нарече историски успех. Тој денеска не беше во состојба да даде дополнителни појаснувања, а последната информација која ни е достапна е дека договорот го постигнаа владата, синдикатот и работодавачите, што кај владата ги зацврстува очекувањата дека тој и ќе се почитува.
Тоа е доста провидно и дури би рекол несериозно за оние што подлабоко ги следат тие процеси.

Досегашните искуства говорат дека Законот за минимална плата во практиката се прекршуваше од страна на работодавачите. Според социологот Илија Ацески, јасно е дека најавеното покачување нема да смени ништо значајно во животниот стандард и станува збор само за психолошка игра.

„Тоа е доста провидно и дури би рекол несериозно за оние што подлабоко ги следат тие процеси. Повеќе се работи за една психолошка игра, во смисла дека минималната плата е многу ниска, па за одреден период да ја зголемиме“, вели Ацески.
Имам 9.200 денари за струја за плаќање. Еве сега сум појден да платам 2-3 илјади, зошто жената сега зеде 5 илјади од завод. Јас пензијата ќе ја чекам па да доплатам. Имам 17 илјади пензија, а тројца членови сме.

Со законот за минимална плата донесен пред две години, таа беше утврдена на 8.050 денари, но сепак најзасегнатите индустрии требаше оваа плата да ја достигнат дури во 2015 година. Освен тоа, како што појаснуваат експертите, голем процент од вработените живеат под линијата на сиромаштијата. Потрошувачката кошничка што ја пресметува синдикатот не може да ја достигне преку своите месечни примања голем дел од населението.

„Имам 9.200 денари за струја за плаќање. Еве сега сум појден да платам 2-3 илјади, зошто жената сега зеде 5 илјади од завод. Јас пензијата ќе ја чекам па да доплатам. Имам 17 илјади пензија, а тројца членови сме“, го појаснува начинот на преживување на своето семејство еден анкетиран скопјанец.

Две третини од населението во Македонија живее со под два долари дневно и една третина со помалку од еден долар дневно, според податоците на Светската банка. Она што податоците индицираат гледано низ зголемувањето на разликите меѓу најниските и највисоките приходи кои се исплатени во последниве години е дека класните разлики сè повеќе се зголемуваат што голем дел од луѓето ги остава на општественото дно во тешка борба за елементарно преживување.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG