Достапни линкови

Јавниот долг на „чешлање“ во Собрание


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Владата подолго време не даваше податоци за висината на јавниот долг и токму затоа опозицијата во Собранието побара да се зборува за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Македонија.

Владата подолго време не даваше податоци за висината на јавниот долг и токму затоа опозицијата во Собранието побара да се зборува за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Македонија, вели пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов.
Според податоците од 2012, јавниот долг изнесува повеќе од 45 проценти од БДП.

Податоците кои ги објавува Министерството за финансии се однесуваат на долгот на централната влада, а согласно законот за јавен долг владата до пратениците треба да доставува и годишни извештаи за управување со јавниот долг, вели Николов. Тој додава дека немало податоци за 2010 и за 2011 години, но по Собраниска комисија за финансирање и буџет. Марјанчо Николов од СДСМ.

Собраниска комисија за финансирање и буџет. Марјанчо Николов од СДСМ.

притисок на меѓународните финансиски институции, владата доставила извештај за управување со долгот во 2012.

„И таму јасно се гледа дека и јавниот долг и долгот на централната влада се зголемуваат и веќе ги имаат пробиено таргетите или целите што владата ги има поставено со стратегијата за управување со
Тие може да се повикуваа на меѓународни стандарди, но Македонија ги нема перформансите на тие економии на база на коишто се правени тие стандарди и затоа сметаме дека тоа ниво од 40 проценти е оптимално и не би требало да се надминува, а владата веќе за жал го надминува.
јавниот долг, а тоа е јавниот долг да не надминува 40 проценти од БДП. Според податоците од 2012, јавниот долг изнесува повеќе од 45 проценти од БДП“, вели Николов.

Премиерот Никола Груевски тврди дека долгот е на ниско ниво, како и тоа дека Владата ги има испланирано сите отплати и нови задолжувања за неколку години нанапред.

Министерот за финасии, Зоран Ставрески презентирајќи го буџетот за оваа година изјави дека јавниот долг ќе се одржува на умерено ниво, со тоа што во следните години се предвидува раст кој заклучно со 2016 не смее да биде повисок од 37,6%. Владата вели дека со ова ќе останеме во зоната на најмалку задолжени земји.

Според последните објавени податоци за долгот на централната влада, на крајот на ноември долгот бил 34 отсто од БДП, односно изнесувал 2,73 милијарди евра.

Николов вели дека меѓународните стандарди за задолженост не може да се применуваат во земјава, оти има слаба економија.

„Тие може да се повикуваа на меѓународни стандарди, но Македонија ги нема перформансите на тие економии на база на коишто се правени тие стандарди и затоа сметаме дека тоа ниво од 40 проценти е оптимално и не би требало да се надминува, а владата веќе за жал го надминува.“

По препорака на ММФ Народната Банка оваа година планира да го засили следењето на трендот на задолжувања. Претставникот на ММФ, Патрик Житон на крајот на 2013- та година, рече дека „долгот на владата е се уште умерен и е еден од најмалите во регионот, но многу е зголемен во текот на изминатите години, и затоа е потребна финансиска консолидација и засилена контрола.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG