Достапни линкови

Нови обиди за смирување на кризата во Украина


Украинскиот парламент денеска треба да дебатира за можна амнестија за уапсените анти-владини демонстранти, која, претседателот Виктор Јанукович ја услови со прекин на уличните демонстрации и деблокада на институциите. Опозицијата, пак бара оставка од Јанукович и предвремени избори. Во Киев денеска се шефицата за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон и комесарот за проширување Штефан Филе. Американскиот претседател Барак Обама, во синоќешното обраќање, истакна дека САД го подржуваат правото на украинскиот народ на мирно искажување на своето мислење. Белата Куќа соопшти дека потпретседателот Џо Бајден телефонски разговарал со Јанукович, при што го охрабрил да продолжи да соработува со опозицијата за смирување на кризата. Вчера украинскиот премиер Микола Азаров си поднесе оставка, а опозицијата оцени дека тоа не е доволно.
XS
SM
MD
LG