Достапни линкови

Обама најави нови мерки за средната класа


Американскиот претседател Барак Обама го искористи своето годишно обраќање за да ги објави како што ги нарекува "конкретните и практични предлози" за да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните. Ветувајќи акција, Обама изјави дека ќе го заобиколи американскиот Конгрес во ситуацииите кога ќе може да преземе чекори без законодавство, со цел да ги прошири економските можности за средната класа американски семејства. Сепак појасни дека сака да работи со пратениците за да се забрза економскиот раст и можности таму каде што има потреба од законодавство. Обама рече дека "Америка не стои во место и нема да стои". Според него по четири години економски раст ", оние на врвот никогаш не биле во подобра позиција, но за сметка на тоа просечните плати останале исти, нееднаквоста се продлабочила, а мобилноста е во застој.
XS
SM
MD
LG