Достапни линкови

Николиќ ќе распише предвремени парламентарни избори


Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска ќе ја потпише одлуката за распишување избори. Премиерот и вицепремиерот Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ вчера му предадоа на шефот на државата владин предлог за распуштање на собранието и за распишување вонредни парламентарни избори.
„Со цел создавање услови за изјаснување на граѓаните за идниот правец на државната политика за што е потребна широка поддршка на општеството бараме нови избори за народни пратеници“, се вели во образложението на предлогот. Според најавите, изборите би се одржале на 16 март. Кабинетот на Дачиќ беше избран на 27 јули 2012 година, а реконструиран на 2 септември 2013.
XS
SM
MD
LG