Достапни линкови

Нови обиди за спас на сириската мировна конференција


Меѓународниот претставник за Сирија, Лакдар Брахими денеска ќе се обиде да ја спаси сириската мировната конференција во Женева, по повеќето знаци за проблематични преговори. Разговорите меѓу претставниците на сириската влада и умерената опозиција беа прекинати вчера поради продолжување на разликите околу целта на преговорите. Опозициската делегација изјави дека од Брахими очекува да продолжи да посредува во денешните индиректни разговори. Засегнатите страни остануваат длабоко поделени околу тоа дали сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да поднесе оставка и ја предаде власта на преодната влада. Постои исто така, мал напредок во однос на прашањата за размената на затворениците и испорака на хуманитарна помош.
Во текот на викендот беше постигнат договор да се евакуираат жени и деца од Хомс, кој е под опсада од страна на владините сили за речиси две години. Но, Брахими соопшти дека поради безбедносни проблеми се одложува евакуацијата.
XS
SM
MD
LG