Достапни линкови

Обраќање на премиерот Шариф пред парламентот


Пакистан премиер Наваз Шариф денеска треба да се обрати пред парламентот во Исламабад каде е предвидено да зборува за безбедносната ситуација во земјата во период кога се зголемуваат пораките за воени напади против талибанските милитанти. Говорот на Шариф, во националното собрание е прв по повеќе од 18 месеци, а доаѓа по серијата напади од високи претставници на Пакистанските талибанци и многуте консултации меѓу Шариф и неговиот шеф на армијата, генералот Рахел Шариф. Од шефот на армијата минатата недела беше побарано да подготви сеопфатен план за борба против талибанските милитанти во земјата по неуспешните напори да се вклучат исламистичките милитанти во мировните преговори. Во понеделникот, премиерот орджа средба со пратениците од неговата партија, која повика на полноправна воена операција против пакистанските Талибанци.
XS
SM
MD
LG