Достапни линкови

logo-print

Mировни преговори во Исламабад


Шефот на пакистанското министерството за надворешни работи Сартај Азиз соопшти дека не гледа подобри шанси да продолжат замрените мировни преговори со Авганистан откако претседателот Хамид Карзаи го заврши неговиот мандат во канцеларијата оваа година и се повлече од власт. Азиз, кој го советува пакистанскиот премиер Наваз Шариф за националната безбедност и надворешните работи, ова го изјави во Вашингтон во говорот на Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс. Тој рече дека чувствува оти по претседателските избори во Авганистан, закажани во април, "Талибанците веројатно ќе разговараат со новата влада повеќе отколку со сегашната."
Сепак додаде дека е повеќе веројатно Исламабад да употреби сила против пакистанските талибански бунтовници во племенскиот регион на Северен Вазиристан, бидејќи се покажало дека обидите за дијалог се неуспешни.
XS
SM
MD
LG