Достапни линкови

ЕУ и Русија ќе ги пеглаат меѓусебните недоразбирања


Експерти на Европската унија и на Русија ќе разговараат за разјаснување на недоразбирањата во врска со обидите на руските соседни земји да имаат поблиски односи со Унијата. За ова станало збор на денешниот состанок во Брисел на рускиот претседател Владимир Путин со претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по самитот изјави дека Путин немал проблеми во врска со ова прашање, туку сакал само да знае кои би биле последиците од некои договори по руската економија. Путин денеска се изјасни против секакво странско мешање во кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG