Достапни линкови

Одложено судењето на соборениот египетски претседател Морси


Мухамад Морси

Мухамад Морси

Судењето на соборениот египетски претседател Мухамад Морси денеска е одложено за 22 февруари со цел да им се даде време на обвинителите да го подготват случајот. Денешното судење на Морси постојано било прекинувано поради неговите борбени испади. Екс претседателот во јули минатата година беше соборен во воен удар. Тој се соочува со обвинување дека во 2011 година поттикнал бегство на десетици илјади затвореници во Египет со цел да учествуваат на собирите за соборување на тогашниот претседател Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG