Достапни линкови

Украина без влада и без спорните закони


Украинскиот парламент денеска ги укина контроверзните антипротестни закони, во обид да им стави крај на двомесечните антивладините демонстрации во земјата. Токму овие закони беа повод за отворени судири меѓу демонстрантите и полицијата во изминативе денови. Претседателот Виктор Јанукович се согласи на ваков чекор по разговорите со опозициските лидери. Претходно денеска премиерот Микола Азаров поднесе оставка која Јанукович веднаш ја прифати, што автоматски повлече и оставка на целата влада.
XS
SM
MD
LG