Достапни линкови

Влатко Стефановски го споделува „Сеир“ со публиката


„Сеир“ е насловен новиот албум на Влатко Стефановски, гитарскиот маг и еден од најпознатите македонски музичари во светот. На него се поместени 10 нови авторски композиции, а објавата како издание на „Езотерија рекордс“ се појавува по цела една декада од обелоденувањето на претходникот „Кула од карти“.

По многу звуковни авантури во разни формации по сите меридијани, Влатко Стефановски конечно реши да ја сподели со публиката својата нова колекција авторски песни на која трпеливо, во домашното студио, работеше во изминативе четири години. Албумот го наслови „Сеир“ по, како што вели, убедливо „највеселата нумера на него“ длабоко свесен дека од оваа дистанца тоа може да се толкува на најразлични начини.
Сеирот е една карактеристична балканска дисциплина, а тоа значи повеќе да се коментира отколку да се работи, повеќе да се озборува отколку да се гледа сопствениот живот...
Влатко Стефановски, гитарист.

„Мене ме инспирира таа една состојба на духот затоа што мислам дека сеирот е една карактеристична балканска дисциплина, а тоа значи повеќе да се коментира отколку да се работи, повеќе да се озборува отколку да се гледа сопствениот живот...Песната во исто време има и афирмација и критика на тоа чувство или ако сакате наша дисциплина. Така што сето тоа може да се погледне од многу страни. Инаку овој албум го снимав четири години. Намерно
за да му ги согледам сите квалитети и мани. Како спор сликар...знаеш ќе отвори платно ќе удри две линии и следните две ќе чекаат уште две години. Си ја дозволив таа привилегија да работам долго затоа што сакав да направам нешто што ќе има своја тежина и вредност. Им правев искушение на фајловите – дали ќе
Има малку хумор во сето тоа што го зборувам, што го кажувам и што го пеам. Има некаква мала дистанца затоа што не мора да значи дека мојата лична вистина во исто време е уметничка вистина.
Влатко Стефановски.
преживеат или ќе бидат спремни за бришење.“

Говорејќи за стиховите во песните, Стефановски кој многупати досега го потврдил своето мајсторство и на ова поле, истакнува дека во случајов понудил 10 навистина промислени текстови и дека притоа ништо не е случајно направено.

„Секој збор е ставан на кантар и пред да биде отпеан многупати е измерен. Не сум толку многу
интроспективен. Пишувам за работи кои што ме опкружуваат и кои што сум ги открил и кај себе и кај тие околу мене. И во потесниот и во поширокиот круг. Меѓутоа овојпат не сум толку сериозен. Има малку хумор во сето тоа што го зборувам, што го кажувам и што го пеам. Има некаква мала дистанца затоа што не мора да значи дека
„Имам голем број на пријатели квалитетни музичари. Можев јас да ги поканам и овие луѓе со кои го делам фолклорното искуство меѓутоа ова е поп-рок албум и тука свирев и соработував со оние кои што се добри во тој манир.
Влатко Стефановски.
мојата лична вистина во исто време е уметничка вистина. Уметничката вистина често пати може да биде далеку од нас, па да ја согледаме, да ја видиме и да ја уловиме. Не се бавев со психијатрија, психоанализа на овој албум. Се бавев повеќе со радоста на креативноста, ако така може да се каже.“

На „Сеир“, каде по првичното преслушување покрај насловната освојуваат и песните како „Суперхерои“, химничната „Guitar Tzar“, соул-хуманистички обоената балада „Love For All“, поетичната „Фосфорна месечина“ (која патем ја следи
линијата во денес класичните теми како „Ја чувам ноќта од будните“ и „Глуво доба“), радио податливата „Фокусирам и зумирам“...), бележито е и присуството на бројните музички собеседници кои несебично му помогнале на Стефановски во комплетирањето на неговата нова објава. Така, покрај неговите долгогодишни придружници Ѓоко Максимовски и Дино Милосављевиќ, тука се и Каролина Гочева, Раде Шербеџија, Дамир Имери, Зоран Маџиров, Васил Хаџиманов и мнозина други врвни инструменталисти.

„Имам голем број на пријатели квалитетни музичари. Можев јас да ги поканам и овие луѓе со кои го делам фолклорното искуство меѓутоа ова е поп-рок албум и тука свирев и соработував со оние кои што се добри во тој манир. Ќе ја чуете Каролина во едно ново светло, како да добила „темна боја на кожата“. Ми заличува на соул-пејачка. Навистина кај нас има многу талентиран свет и многу добри музичари и вистинско задоволство е да се работи со нив. Посебно и тоа што и тие самите чувствуваат огромно задоволство да го дадат својот придонес кон ова што јас го работам.“

Инаку албумот излегува со етикетата на сопствената продукција „Езотерија рекордс“, а гитаристот вели дека иако нема спонзори со кој што би направил сензационална промоција на „Сеир“, сепак ќе стори сè материјалот да заживее и да стигне до публиката.

„Сè што работам работам нискобуџетно и се повеќе или помалку сам плаќам, така што ќе го пуштам овој албум да живее меѓутоа нема да го фрлам на улица, да го оставам да преживува сам туку ќе се обидам да го промовирам достоинствено. Тоа што е интересно е што за неколку дена албумот ќе излезе и во Хрватска како издание на „Кроација рекордс“ и што е уште поинтересно што „Сеир“ и сите мои соло албуми од изминативе 15 години ќе бидат ставени официјално на „ајтјунс“ со идеја да можат да го купат луѓе кои не се баш блиску до Македонија и до Балканот и со тоа се надевам дека конечно ќе ставам некако ред на интернет што се однесува до продажба на моите изданија затоа што знам дека многу сајтови ги нудат тие мои плочи и тие мои музики без да имам било каква контрола врз тоа. Барем ќе направам напор да го средам тоа. “

Згора на ова, Влатко Стефановски се размислува „Сеир“ да биде печатен и на винилска плоча со идеја дека станува збор за сериозно албумско издание кое однапред ги исклучило импровизациите во понудата.

„Овој албум е албумски. Ова не е колекција на синглови. Остварување кое ме потсетува на изданијата од времето кога ја слушав музиката и го читав секој детаљ забележан на обвивката на плочата. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG