Достапни линкови

Прекин на преговорите за Сирија


Претставник на сириската опозиција изјави дека мировните преговори во Женева денеска биле прекинати за да и се овозможи на владата на Башар ал Асад да изнесе нов нејзин предлог за иднината на земјата. Сириската влада вчера предложи работен документ за иднината на Сирија, кој опозицијата веднаш го отфрли. Во Женева двете страни веќе пет дена преговораат, но без успех со оглед на тоа што режимот бара претседателот Башар ал Асад да биде дел од транзиционата влада во земјата во која веќе три години трае граѓанска војна.
XS
SM
MD
LG