Достапни линкови

Аврамопулос не дозволил да се интонира македонската химна


Димитрис Аврамопулос

Димитрис Аврамопулос

Грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос вчера не дозволил да се интонира македонската химна при посетата на неговиот колега од Македонија, Талат Џафери, јави МИА.

Грчките медиуми денеска коментираат дека Аврамопулос ја „исекол“ македонската химна, која според Грците е „провокативна, затоа што во неа дури шест пати се спомнува терминот Македонија“.

Пред Министерството за одбрана само се веело македонското знаме, веднаш до знамето на Грција.

Во врска со средбата на двајцата министри, медиумите подвлекуваат дека прашањето за името било една од централните теми, при што Аврамопулос ги повторил ставовите на Грција и рекол дека постигнување взаемно прифатливо решение ќе помогне да се реши хроничниот проблем меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG