Достапни линкови

logo-print

Пораките на Ји нема кој да ги чуе


Средба на премиерот Никола Груевски со Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Средба на премиерот Никола Груевски со Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Домашните аналитичари не се оптимисти дека пораките на високиот претставник на Стејт Департментот, Хојт Брајан Ји, ќе ги слушне и ќе ги примени државниот врв.

Домашните аналитичари не се оптимисти дека пораките на високиот претставник на Стејт Департментот, Хојт Брајан Ји, ќе ги слушне и ќе ги примени државниот врв. Универзитетскиот професор Денко Малески вели дека неговата порака дека двете страни треба да покажат поголема флексибилност и простор за компромис, доаѓа во незгодно време за партиите, особено поради подготовките за избори и рекламните паноа по улиците кои навестуваат дека и за време на следниот изборен циклус ова прашање ќе биде злоупотребено.
Создадена е атмосфера или веќе полека се создава контра сè ова што како сугестија доаѓа. Би требало напротив да има една атмосфера на соработка меѓу партиите околу таа тема од која евентуално би можело да произлезе некакво решение.

„Создадена е атмосфера или веќе полека се создава контра сè ова што како сугестија доаѓа. Би требало напротив да има една атмосфера на соработка меѓу партиите околу таа тема од која евентуално би можело да произлезе некакво решение“, вели Малески.

Професор Арсим Синани, пак, потенцира дека посетата на американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања е исклучително важна, оти истата, според него, ја покажува постојаната заинтересираност на американската администрација за тековните случувања во Македонија и во регионот. Притисокот од надвор е потребен, во ситуација кога ние покажуваме недоволна подготвеност за справување со проблемот, вели Синани.
Мислам дека државниот врв е повеќе заинтересиран за изборите, оваа година да имаме претседателски и парламентарни избори, одошто да се реши ова прашање

„Кога на глувиот му се зборува, тој не слуша ништо. Би требало во таа насока да видиме дали имаме проблем со слушањето. Не очекувам дека оваа конфигурација на владата би можела да донесе соодветно решение бидејќи нема ни национален капацитет“, вели тој.

Во сегашниот амбиент не очекувам никакви поместувања и соодветен одговор на пораките, а во моментот кога Ји ќе ја напушти Македонија, ќе продолжи целосната динамика со употреба на спорот за името за внатрепартиските кавги, вели Малески.

„Самото тоа што веќе по Скопје се лепат билборди во врска со тоа прашање зборува дека ќе се злоупотреби истата тема на ист начин во Македонија, уште еднаш“, вели Малески.

Во овој момент она што ѝ е најважно на власта е да се подготви за претстојните претседателски избори, а можно е и за предвремени парламентарни, вели Синани и додава дека токму затоа не очекува никакви промени во македонско-грчкиот дијалог за името.

„Мислам дека државниот врв е повеќе заинтересиран за изборите, оваа година да имаме претседателски и парламентарни избори, одошто да се реши ова прашање“, вели Синани.

Хојт Брајан Ји својата посета во Скопје ја продолжува и денеска, на средби со претставници на медиумите и граѓанското општество. На вчерашните средби со претставниците на државниот врв, Ји изјави дека Соединетите Држави остануваат заинтересирани да ѝ помогнат на Македонија во напорите за достигнување на целта за евроинтеграции, а во однос на спорот за името изјави дека за компромис потребно е двете страни да покажат дополнителна флексибилност и простор за заедничко прифатливо решение.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG