Достапни линкови

Мисини v Венизелос: Македонија, името и евроинтеграциите


Претседателот на Комисијата за европски прашања Хајрула Мисини на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК, што се одржа во Атина праша зошто Грција, како познат промотор на проширувањето, денес, во моменти кога претседава со Европската унија, за жал, го нема проширувањето како свој приоритет. Мисини ја ослови својата земја како Република Македонија на што министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос го искажа грчкиот став.

„Во врска со забелешката на нашиот драг пријател од поранешната Југословенска Република Македонија: ако добро сфатив тој е од партијата предводена од господинот Ахмети , со кого имав можност да се сретнам во Атина пред неколку месеци. Ќе го повторам тоа што кажав претходно. Грција нема забелешки, кои се однесуваат на нешто апсурдно или нешто претерано. Ние сакаме да се исполнат општите критериуми и да се постигне договорено решение во врска со името“,
го пренесуваат грчките медиуми одговорот на Венизелос кој го повторил и ставот за сложено име за општа примена, кое ќе вклучува географска одредница на терминот „Македонија“.

Инаку, Мисини се повика на 5 те позитивни препораки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент за почеток на преговорите за членство со Европската унија, како аргумент дека сме ги исполниле копенхашките критериуми. Притоа, побара Грција да биде гласен поддржувач, затоа што тоа ќе ја смени атмосферата во двете земји и ќе придонесе за подобар имиџ на Грција во Република Македонија, но и во рамките на Европската унија.
XS
SM
MD
LG