Достапни линкови

Кличко - оставката на премиерот Азаров е чекор кон победата


Виталиј Кличко

Виталиј Кличко

Украинскиот премиер Микула Азаров поднесе оставка, што од опозицискиот лидер Виталиј Кличко е оценето како прв чекор кон победата.
Оваа негова одлука, како што соопшти Азаров, е за да се креира дополнителна можност за компромис за кризата во Украина.
Во Киев е во тек вонредна седница на украинскиот парламент чија цел е смирување на двомесечните немири.
Во пресрет на седницата, претседателот Виктор Јанукович се сретна со тројца опозициски лидери и се согласи да ги повлече контроверзните антипротестни закони, донесени од парламентот на 16 јануари и вети амнестија за сите демонстранти ако ги напуштат улиците на Киев.
Министерката за правда Олена Лукаш изјави дека еден од лидерите на опозицијата Арсениј Јаценјук формално го одби предлогот на Јанукович да ја преземе должноста премиер.
XS
SM
MD
LG