Достапни линкови

Ратко Младиќ - Трибуналот на ОН е „судот на ѓаволот“


Ратко Младиќ

Ратко Младиќ

Поранешниот командант на силите босанските Срби, Ратко Младиќ, Трибуналот на Обединетите нации за воени злосторства го нарече "суд на ѓаволот".
Тој ова го рече одбивајки да сведочи на одбраната во процесот против поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ. На Младиќ и на Караџиќ се гледа како на главни архитекти на злосторства сторени за време на војната во Босна во 90 ти те години.
Тие се соочуваат со одвоени процеси и се обвинети за злосторства против човештвото и геноцид. Над 8.000 мажи и момчиња, босански муслимани, беа убиени, а потоа фрлени во масовни гробници од страна на силите на босанските Срби во Сребреница во јули 1995 година. Караџиќ и Младиќ тврдат дека се невини.
XS
SM
MD
LG