Достапни линкови

Самитот ЕУ-Русија во сенка на ситуацијата во Украина


Денеска во Брисел ќе биде одржан самит меѓу Русија и ЕУ, а меѓу високите претставници кои ќе учествуваат на него се и рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. Самитот се случува во време на најнови тензии меѓу Москва и Брисел околу ситуацијата во Украина. Претседателот на оваа земја Виктор Јанукович во ноември ги откажа плановите за потпишување договор за поблиски врски со ЕУ, очигледно по притисокот од Кремљ.
Самитот ЕУ- Русија требаше да трае два дена, вклучувајќи и банкет вечера. Но, неодамна претставник на Комисијата најави дека самитот бил сменет поради последните случувања, па учесниците повеќе ќе се посветат на односите меѓу ЕУ и Русија отколку на дискусија за специфични прашања.
XS
SM
MD
LG