Достапни линкови

logo-print

Нема напредок во мировните разговори за Сирија


Сириската влада и опозицијата соопштија дека немаат планови за итен прекин на мировните разговори, иако преговорите во Женева се во застој. Ни вчера не е забележан напредок, на третиот ден од разговорите, а двете страни остануваат остро поделени околу иднината на режимот на претседателот Башар ал Асад. Владата вели дека претседателот нема да се повлече, додека опозицијата и нејзините поддржувачи сметаат дека Асад мора да замине и да го расчисти патот за преодна администрација која ќе подготви нови избори.
Разговори се водат и за хуманитарната помош и за тоа како жените и децата можат да се евакуираат од опколениот град Хомс.
XS
SM
MD
LG