Достапни линкови

Косово: налог за апсење на Оливер Ивановиќ


Оливер Ивановиќ

Оливер Ивановиќ

Обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово вчера го сослуша лидерот на СДП Оливер Ивановиќ поради истрагата за воени злосторства и потоа издаде налог за негово апсење. Ивановиќ во текот на денот доброволно се јави во полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица, по претходниот договор со обвинителот и неговиот адвокат. По сослушувањето обвинителот издаде налог за апсење и побара од судот да го разгледа барањето за одредување притвор, се наведува во соопштението на ЕУЛЕКС.
Повеќе десетици граѓани на Косовска Митровица, меѓу кои и одборници и симпатизери на Граѓанската листа „Србија, демократија, правда“ протестираа пред зградата на полицијата и на ЕУЛЕКС поради налогот за апсење на лидерот на СДП.
XS
SM
MD
LG