Достапни линкови

Поранешна романска министерка осудена на 5 години затвор


Врховниот касационен суд на Романија ја осуди поранешната министерка за млади и спорт Моника Јакоб Риџи на пет години затвор поради пречекорување на службените овластувања, корупција и ненаменско трошење државни средства. Според истрагата, работејќи како министерка во владата на десниот центар меѓу декември 2008 и јули 2009 година, Риџи склучувала договори со приватни фирми по поголеми цени, што Владата ја чинело приближно 650.000 евра.
Романски медиуми наведуваат дека поранешната министерка по отслужувањето на затворската казна ќе остане три години и без одредени граѓански права. Обвинителството соопшти дека Риџи се обидела да ги избрише од компјутерот доказите за своите прекршоци.
XS
SM
MD
LG