Достапни линкови

Времето облачно со повремен дожд и снег


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, на некои пониски места од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Врнежите во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално над 20 литри на квадратен метар). Во поголемиот дел од земјата ќе се формира нова снежна покривка, а позначителна ќе биде во западните делови.

Утринската температура се движи од минус седум до нула, а дневната ќе биде од минус два до пет степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до три степени.
XS
SM
MD
LG