Достапни линкови

Лидерите на СДСМ и на ДУИ се состанаа со Хојт Ји


За Македонија нема друга перспектива освен европската и од клучна важност е што побрзо да стане членка на НАТО и да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, заеднички констатирале претседателот на СДСМ Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји, на нивната денешна средба, соопштува СДСМ.

„Раководството на партијата и заменикот помошник државен секретар на САД, заеднички истакнаа дека за Република Македонија е од клучна важност што е можно побрзо да стане членка на НАТО и да добие датум за почеток за преговори со Европската унија.
Внатрешните реформи, владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на судската власт, се клучни со цел ЕУ да ги отвори вратите за Република Македонија“, се вели во соопштението од СДСМ

Со заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји, средба оствари и лидерот на Дуи, Али Ахмети. Без зачленување на Македонија во НАТО не може да има одржлив мир, стабилност и сигурност, но ниту здрави меѓуетнички односи помеѓу двете најголеми заедници", порачал Ахмети.

Двајцата исто така говореле и за добрососедските односи и потребата за потпишување на договор за добрососедство со Бугарија.

Ахмети нагласил дека сега е времето за сериозно вклучување на меѓународната заедница, предводена од САД, затоа што страните се многу блиску до решение на спорот со оглед на тоа дека последниот предлог на посредникот Нимиц го содржи името Македонија и не го загрозува ниту идентитетот ниту јазикот на македонската заедница. Компромисот помеѓу двете страни може да се постигне само ако меѓународната заедница ги седне страните на преговарачка маса што е можно поскоро, се наведува во соопштението на ДУИ.
XS
SM
MD
LG